Бојкотот ги скара професорите

07.04.2015 16:37

Едни поддржуваат прекин на наставата, други - не. За СОНК, тоа е знак дека оние кои бојкотираат имаат политички мотиви и сакаат позиции во Синдикатот...

Членовите на Наставничкиот пленум и мултиетничкиот синдикат смислено го напаѓаат СОНК за да го разбијат единството и да ги преземат раководните позиии во синдикатот. Ова го констатирал Советот на СОНК на редовната седница.

Од таму прашуваат каде биле супериорните наставници во изминативе години и зошто се појавуваат токму сега кога СОНК покренал толку важни прашања и истите ги решава со надлежните. Од Синдикатот најавуваат дека ќе преземат  неопходни мерки за заштита на огранизацијата.

Од друга страна, членовите на Наставничкиот пленум се задоволни како се одвива бојкотот во училиштата. Но, револтирани се родителите што нивните деца губат часови, одат во кафулиња наместо во училиште во време кога треба да ги поправаат оцените, оти се ближи крајот на училишната година.

Средношколскиот пленум ја бојкотира наставата во неколку училишта, иако веќе Средношколската унија постигна договор со Министерството за образование, математиката да не биде задолжителна во матурата. Ќе ја полагаат само учениците кои ќе запишат математички смер.

Викторија Тодоровска