Отворени денови на ФЗОМ

07.04.2015 16:41

Од 9-ти април ќе почнат отворените денови во подрачните единици низ Македонија, со цел поголема транспарентност во работата...

Менаџерскиот тим на Фондот за здравствено осигурување во посета на Струмица. Најавија дека од 9-ти април ќе почнат отворените денови во подрачните единици низ Македонија, со цел поголема транспарентност во работата.

Освен тоа, функционира и бесплатна телефонска линија на која осигурениците може да пријават проблем, да дадат критика или сугестија за работењето на оваа институција.