Велигденски саем во Охрид

09.04.2015 17:47

Во Охрид по втор пат се организира Велигденски саем на кој се изложени слаткарски и пекарски производи, како и велигденски украси. Производите се продаваат по симболични цени, а прибраните средства ќе се искористат за хуманитарни цели...

Охриѓани велигденските празнувања ги започнаа со манифестацијата „Велигденски саем“. Во текот на оваа тридневна манифестација граѓаните и гостите по промотивни цени ќе можат да уживаат во во вкусот на велигденскиот козињак, тортите, колачите и други традиционални специјалитети, но и да купат некоја од ракотворбите, велигденските декорации и украсите.

Изработивме работи со многу голема љубов и желба. Парите што ќе ги собереме се наменети за деца со посебни потреби.

„Да и помогнеме на една мајка која сеуште може да ги дочекува сите празници, особено Велигден со своите деца“, велат децата кои учествуваа на саемот.

Учество на саемот зедоа основните училишта,занаетчии и производители на храна.

„Сакаме градот да прави повеќе вакви саеми, а не само во текот на туристичката сезона. Таа треба да се продолжи и сакаме да има новогодишни и божиќни базари.

Треба да е помасовн, можеби би било добро да биде на отворено место каде има поголема фреквенција“, велат посетителите на саемот.

„Да направиме нешто што ќе биде многу посетено,со многу излагачи.Сега е почеток и се трудиме колку што можеме да направиме да прерасне во традиција“, изјави Тони Коталески, директор на Градски пазар- Охрид.

Велигденскиот саем е во духот на христијанските традиции. Сите собрани средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

 

Сашо Нелоски