Заев бара прекин на истрагата за „Пуч“
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ја даде последната изјава во случајот во кој е осомничен за шпионажа и насилство, спрема највисоките државни органи...

Фазата за распит во обинителството на осомничените за случајот „Пуч“ заврши. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ја даде последната изјава во случајот во кој е осомничен за шпионажа и насилство, спрема највисоките државни органи. Се надева дека обвинителтвото ќе ја отфрли кривичната пријава против него поднесена од МВР и ќе почне нова истрага за, како што вели, „Пуч против Република Македонија“. За Заев, лицата кои му ги дале аудио-материјалите се патриоти кои и мислат добро на државата.
Заев пред обвинителството подготвил кривична пријава против премиерот Груевски и директорот на УБК, Сашо Мијалков за, како што рече кршење на уставот и законите.
Инаку,вчера на распит беше и екс разузнавачот Верушевски. Неговиот адвокат изјави дека тој не е виновен што МВР не го обезбедило системот, туку тоа било пропуст на Министерството. Верушевски, според адвокатот, отфрлил негова одговорност. Според познавачите на правната материја, со ова верушевски не го негира делото, туку признава вина.
Игор Панов
