Математика за интелектуален развој на учениците
Студии на Харвард и Оксфорд покажуваат – децата кои повеќе време и посветуваат на математиката бележат поголем интелектуален напредок. И невролози од земјава укажуваат на нејзиното позитивно влијание врз мозочните функции. Сепак, во земјава се уште има отпор за овој предмет на државната матура. Средношколскиот пленум продолжува со бојкотот на наставата...

Математика има големо влијание врз интелектуалниот потенцијал на човекот и позитивно влијае врз развојот на младите. Онаму каде на овој предмет му се посветува поголемо внимание и е дел од образованието, дава огромни резултати. Според студиите на престижните Харвард и Оксфорд научно е докажано дека децата кои посветуваат внимание на математиката интелектуално повеќе напредуваат независно дали таа е нивна клучна или споредна определба.
Невролози велат дека таа има клучно влијание врз когеративните функции на мозокот. Истовремено тие луѓе побрзо размислуваат, се истакнуваат во иновативноста и развојот напретприемачкиот дух. Научно е докажано дека тоа се луѓе и со подобра и пообилна меморија и со практични знаења кој се применуваат и во другите сфери велат невролозите.
Бенефитите од изучувањето на овој предмет се многубројни и истовремено таа е пракса во Австрија, Хрватска, Ирска и многу други земји. Иако беше постигнат договор помеѓу Средношколската унија и МОН, математиката наместо задолжителна да се полага по избор на самиот ученик, Средношколскиот пленум продолжува да ја бојкотира наставата и да ја отфрла математиката во образованието. Деновиве оваа организација беше обвинувана дека е политички мотивирана.
Викторија Тодоровска
