Интерес за копаничарството и кај младите
Секое парче дрво носи своја приказна. Работата на копаничарот е преку обликувањето да и ја раскаже приказната на публиката. Да им ги пренесе пораките на љубителите на уметноста...

Со секое ново вдлабнување, дрвото добива душа која останува да живее со векови. Резбата, уметност и занает е душата на велешанецот Љубомир Бисин. Не брои колку дела зад себе оставил, но многу негови резби ги красат црковни храмови и домовите на верниците во државата и надвор од неа.
Зачнал пред петнаесетина години од хоби, за денес како мајстор, тој да ги подучува младите со токмак и длето од рамната дрвена површина да создаваат уметнички креации. Горд е што своето знаење го пренесува на младиот Филип.
Интерес за резба од младите има за време на колонијата Папрадишки мајстори. Од тука и идејата да се создаде летна школа за резбарство.
Секоја резба е приказна за себе, вели Бисин кој изминатите теколку години работеше на создавање на иконостасот за новата црква Свети Кирил и Методиј во Велес.
Дијана Иванова
