Утре втора средба во Брисел меѓу ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ

14.04.2015 11:02

По завршувањето на првата рунда разговори што се одржа на 30-ти март немаше изјави и единствено беше соопштено дека партиите имаат расположение повторно да се сретнат...

Преговарачките тимови на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ утре во Брисел  зад затворени врати  на уште една- втора по ред, рунда разговори за изнаоѓање начин за излез од политичката криза во Македонија.

Разговорите се со посредство на европратениците: Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард  Ховит.

По завршувањето на првата рунда разговори што се одржа на 30-ти март немаше изјави и единствено беше соопштено дека партиите имаат расположение повторно да се сретнат.

Во разговорите претставници на владејачката партија се: Никола Попоски, Никола Тодоров и Илија Димовски, а на СДСМ: Радмила Шеќеринска, Рената Дескоска и Виктор Габер.

Иако од ДУИ побараа да се вклучат во разговорите, нивни претставник нема да патува во Брисел.