Новиот состав на Антикорупциска на собраниска седница

14.04.2015 11:05

Предложени се 5 нови членови, а само двајца се од стариот состав- Сејди Халили и Фарије Алиу...

На денешното ново пленарно заседание на Собранието, една од точките на дневен ред е и изборот на новиот состав на Комисијата за антикорупција.

Предложени се 5 нови членови, а само двајца се од стариот состав- Сејди Халили и Фарије Алиу.

Ново предложени се правниците Горан Миленков, Најдо Спасевски, Сузана Таскова- Аџикотарева, Жаклина Данчевска и дипломираниот економист Игор Тантуровски.

Во предлозите што пред Велигденските празници добија зелено светло од матичната Комисија за избори и наименувања, не беше името на актуелниот претседател на антикорупциска- Ѓорги Сламков.