Свлечиште на патниот правец Прилеп – Ресен

14.04.2015 11:09

На патниот правец Скопје – Велес одронот е исчистен и сообраќајот е нормализиран. Од превентивни причини сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 500 метри...

Поради појава на свлечиште на патниот правец Прилеп – Ресен на обиколницата на Битола, сообраќајот е повторно во прекин. Возилата се пренасочуваат низ Битола.

На патниот правец Скопје – Велес одронот е исчистен и сообраќајот е нормализиран. Од превентивни причини сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 500  метри, за што е поставена соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.

Од Автомотосојузот на Македонија соопштуваат дека на регионалниот пат Гевгелија - локалитет Смрдлива вода кај месноста Длабок дол, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лентa поради појава на свлечиште.