Иран очекува пратка руско оружје, Вашингтон загрижен!

14.04.2015 17:22

Вашингтон е загрижен поради одлуката на Москва да ја укине забраната за испорака на ракети на Иран. Рускиот претседател го потпиша указот, со што се отвора патот за размена на ракети за нафта. Аналитичарите оценуваат дека со овој потег Кремљ добива предност во натпреварот кој повеќе ќе го искористи можното укунување на санкциите кон Техеран...

Руската одлука за воена помош на Техеран се случува во време кога Иран во минатиот месец со постигнатиот рамковен договор за својата нуклерана програма ги затопли одноисте со западот, доколку се оди како што треба, западот предвидува постепено укинување на санкциите.

Белата куќа изрази загриженост. Портпаролот , Џос  Ернест на новинарите им ги кажа деталите по разговорот со шефовите на американската и руска дипломатија, Кери и Лавров.

„Познат е нашиот став во однос на продажба на антибалистички ракети. Државниот секретар Кери во телефонски разговор со неговиот руски колега Лавров, ја изрази  загриженоста за тоа што може да ја предизвика руската одлука за почеток на примената на програмата за размена со Иран по принципот нафта за храна“, изјави Ернест.

Израел се противи на ваквиот начин Иран да го доизградува ракетниот ситем особено  со модерно оружје, а додека Техеран ја поздравува одлуката на Путин.

„Развојот на билатералната соработка со Русија и соседните земји може да биде од голем придонес за стабилноста и безбедноста во регионот“, велат властите од Техеран.  

Русија и Иран во 2007 година потпишаа договор вреден 800 милиони долари за испорака на ракетите С 3400 на воена опрема. Но, пред 5 години поранешниот  руски претседател Медведев ја забрани испораката во рамките на меѓународните санкции кон Иран. Тогаш иранската влада се обрати на Меѓународниот арбитражен суд   барјаќи од Москва 4 милијарди долари штета. Во почетокот на годината и двете земји потишаа договор за воена билатерална соработка.

Иран и Русија се санкционирани од САД и Европските земји, Иран поради нуклераната порграма, а на Русија поради вмешаноста во украинската криза. Но, тоа не е се бидејќи во последно време и двете земји се зближија на стопански план и заедно го поддржуваат  сирискиот претседател Башар Ел Асад.

 

Мријана Василева