САД: Постигнат договор за нуклеарните преговори со Иран

15.04.2015 12:10

Претседателот Обама се согласи да го потпише законот со кој му се дава право на законодавниот дом да го отфрли евентуалниот конечен договор со Техеран...

Белата куќа и Конгресот на САД постигнаа договор за нуклеарните преговори со Иран. Претседателот Обама се согласи да го потпише законот со кој му се дава право на законодавниот дом да го отфрли евентуалниот конечен договор со Техеран.

„Да му пратиме порака на Техеран дека олеснувањето на санкциите не е награда за потпис на линијата. Иран мора целосно да ги почитува одредбите на договорот и да ја размонтира инфраструктурата за нуклеарното оружје“, изјави Боб Менендез, конгресмен.

Договорот беше постигнат по маратонски преговори на почетокот на месецов, а треба да се финализира до 30-ти јуни.