Куба: Поздравена одлуката на САД за отстранување од листата земји- спонзори на тероризам

15.04.2015 12:22

Чекорот е дел од нормализацијата на односите меѓу двете земји и беше една од главните точки при преговорите за повторно воспоставување на дипломатските односи...

Куба ја поздрави одлуката на САД да ја отстранат од листата земји спонзори на тероризам, велејќи дека воопшто не требало ниту да се најде на неа. Чекорот е дел од нормализацијата на односите меѓу двете земји и беше една од главните точки при преговорите за повторно воспоставување на дипломатските односи.

„Куба не треба да биде на таа листа. Не спонзорира тероризам, туку напротив, им помага на многу земји“, смета Араел Агуире, жител на Куба.

Американското ембарго против островот е се уште во сила и може да биде прекинато само со одлука на Конгресот. Куба беше на црната терористичка листа заедно со Сирија, Иран и Судан.