Отворена сезона на алергии: По 30 нови пациенти дневно на пулмологија
Будењето на пролетта ги активираше алергиите. Се зголемува бројот на луѓе кои бараат помош од лекарите. Дневно на пулмологија пристигнуваат и по 30 нови пациенти...

Од поленот, по 30- тина пациенти дневно бараат помош на Клиниката за пулмологија. Се жалат на јадеж во очите, кивавица, затнат нос и на изнемоштеност. Пролетнaтa температурa за Велигденските празници ги разбуди алергиите.
„Воздухот е загаден, ми пречат други отровни материи... Ме печат очите, насолзени ми се. Главата ме боли. Едвај чекам да поминат овие пролетни денови и да дојде летото... Лично не ми пречи, но за возрасните и децата пречат... Кивање, носот ми тече, ми солзат олите, се чувствува...“, велат граѓаните кои ги анкетиравме.
Секој четврти граѓанин во земјава страда од алергија- вели доктор Дејан Докиќ. Важно е навремено да ја земаат терапијата, уште во почетокот на сезоната.
„Доколку правилно се земаат лековите, а модерната алергологија оди на лекови кои локално се аплицираат во носот, кај пациенти со ринитис“, изјави проф. д-р Дејан Докиќ, Клиника за пулмологија и алергологија.
Според алерголозите, новите аерозагадувачи, озонот, издувните гасови од дизел- горивата дополнително ги влошуваат симптомите. Поленските зрна ги прават поагресивни и развиваат појака клиничка слика.
Додека повеќето од нас со нетрпение ја чекаат пролетта, има и такви на кои расцветаните дрвjа им се ноќен кошмар. Оние кои страдаат од алергии, имуниот систем им реагира на опасните супстанци, како на пример поленот.
Андријана Атанасовска
