Ф1 е во Бахреин
Бахреин и пустинската патека Шакир се новиот, 4-ти предизвик за возачите во Формула 1 во новата во најава интересна сезона...
Победите на Хамилтон во Австралија и Кина потврдија дека Мерцедес и натаму е прв фаворит,но триумфот на Фетел во жештините на Малезија ја најави и конкурентноста на Ферари во новиот шампионат.Токму високите температури најавени за квечерината во Бахреин најавуваат нова интересна трка на една од најтешките патеки во шампионатот.
15 свиоци со можност за наноси од песок,две ДРС зони, специфичната елевација на патеката која 60 насто се минува под полно оптоварување на моторот и свиоците кои претпоставуваат потреба од екстремно користење на сопирачките,високата потрошувачка на гориво од 1,8 литри по круг и абењето на пневматиците се предизвик не само за возачите туку и за нивните тимови.Кратката историја на Бахреин вели дека Алонсо е најуспешен со 3 победи, Маса и Фетел имаат по 2, лани во возбудлив финиш со бескомпромисна борба Хамилтон го победи својот клупски колега Росберг кој стартуваше од пол, но сезонава високите температури се покажа дека одат во прилог на Ферари, па за очекување е Фетел да го побара 4-от подиум едноподруго, а сребрените стрели да бидат под притисок и од вториот црвен болид бидејќи Раиконен со 6 подиуми во Бахреин е најуспешниот возач на патекатаШакир.
Во прилог одат и најдобрите времиња на Раиконен и хамилтон на првиот тренинг,иако возачите на Мерцедес главно беа фокусирани на подолгите стинтови и симулација на трка.
Возбудувањата од 4-тата трка во сезоната следете ги на Mакедонскста телевизија. Квалификациите се утре од 17 часот, трката в недела во истиот термин, преносите се на Собраниски.