Иванов: Решенијата се наоѓаат преку институциите

19.04.2015 14:26

Шефот на државата вели дека кај нас опозицијата ниту сака да се врати во Парламентот, ниту пак сака нови избори. Тоа ја прави и состојбата многу поделикатна, објаснува Иванов...

Демократијата како систем подразбира решенија за предизвиците да се изнаоѓаат преку институциите, вели македонскиот претседател Ѓорге Иванов во интервју емитувано на албанската телевизија „Аlbanian screen“. Шефот на државата вели дека кај нас опозицијата ниту сака да се врати во Парламентот, ниту пак сака нови избори. Тоа ја прави и состојбата многу поделикатна, објаснува Иванов.

„Фрустрациите  што се создаваат во македонското општество, блокадата и во НАТО и во Европската унија, на некој начин придонесуваат за огромно незадоволство, покрај неуспехот на опозицијата веќе во неколку изборни циклуси да постигне каква било победа. Демократијата подразбира да ги користите институциите, пред се, Парламентот и сето она што го имате изнесено во јавност, преку инструментите на парламентот, процедурите кои постојат согласно со Уставот, законите, за да го постигнете она што го сакате - распишување нови избори“, вели претседателот Иванов во интервјуто.