Одгледувањето цреши под пластеници исплатливо за земјоделците

19.04.2015 15:46

Одгледувањето цреши под платеници е новина во македонија. Струмичанецот паланков три години собира искуство од ваквата земјоделска пракса, задоволен е од резултатите, а следната година планира и проширување на површините под цреши...

Данаил Паланков од Струмичко е првиот човек во Македонија кој одгледува цреши под пластеници. Тој идејата ја добил кога бил во Грција од каде и ги донел садниците. Ги одгледува веќе 3 години и вели дека досега не применил хемиски средства.

Во пластеникот на Данаил има засадено околу 50 стебла цреши oд 4 различни сорти. Од сите 50 растенија досега се заболени само 2 од болеста ервинија. За разлика од црешите кои се одгледуваат на отворено овие стасуваат скоро месец дена порано за берба.

Досега Данаил само експериментираше со идејата за одгледување цреши под пластеници, но вели дека доколку и оваа година се покаже успешна наредната година ќе ги зголеми насадите.

Вели дека за одгледување цреши под пластеници е потребна голема инвестиција во споредба со оние на отворени, но бидејќи порано изгледуваат на пазар имаат и поголема цена што ги прави исплатливи за одгледување.

 

Катерина Давчева