Хамилтон најбрз во Бахреин
Чиста трка за британецот.тргна од пол и до крајот ја задржа првата позиција,но затоа Шакир донесе многу возбуда во битка за второто место...

Нова,трета победа сезонава,36-та во кариерата и втора на бахреинското гранд-при за актуелниот ф1 шампион Луис Хамилтон. Чиста трка за британецот.тргна од пол и до крајот ја задржа првата позиција,но затоа Шакир донесе многу возбуда во битка за второто место.Раиконен одлично стартуваше и ја презеде од Росберг,германецот на два пати ја враќаше ,но не и во финишот кога со одлична стратегија и менаџирање на пневматиците Раиконен одново се закани,а според Росберг и откажувањето на сопирачките било причината за второто место и 78 подиум во кариерата на Раиконен ,7-ми во Бахреин.
Фетел поради проблем и промена на предното крило ја изгуби битката за првите три места ,а и за четвртото од Ботас,додека вториот возач на Вилијамс,Фелипе Маса поради проблеми на стартот трката ја почна од пит-лејнот и стигна до 10-тото место,а пред него во бодови уште влегоја : Рикардо,Гросжан,Перез и Квјат.
Хамилтон ја зголеми предноста во поредокот кај возачите со 93 поени,сега пред Росберг кој со 66 ја презеде втората позиција од Фетел кој по 4 трки собра 65.Петата е на 10 мај за големата награда на Шпанија на Каталуња.