73 милиони евра за откуп на тутун, реколтата намалена поради поплавите

20.04.2015 13:09

Во производната 2014/ 2015 година, склучени се вкупно 34.445 договори за откуп или 19 отсто помалку од лани, насадени се 14.030 хектари тутун или 30 отсто помалку, остварен е принос од 24.857 тони...

Годинава не се остварија проекциите на компаниите кои предвидуваа принос на тутун од околу 30 милиони килограми. Намалувањето се должи, пред се, на временските прилики, поројните дождови и поплавите, кои го намалија квалитетот.

Во производната 2014/ 2015 година, склучени се вкупно 34.445 договори за откуп или 19 отсто помалку од лани, насадени се 14.030 хектари тутун или 30 отсто помалку, остварен е принос од 24.857 тони што е 20 проценти помалку од минатата година, а остварена е просечна откупна цена од 117,2 денари за килограм односно 24 отсто пониска од минатата година кога беше 152 денара, соопшти денеска Стопанската комора.

Откупот на тутун заврши во законскиот рок, на 15 март, а тутунарите очекуваат приход од  вкупно 73 милиони евра, 47,5 милиони од откупот и 27 милиони од субвенции.