Нема политички и партиски притисоци врз уставните судии

20.04.2015 15:39

Нема политички, ниту партиски притисоци врз уставните судии. Во своето работење се воделе само од личното и слободно уверување, тврди претседателката Гошева. Минатата година Уставниот суд постапувал по вкупно 299 иницијативи, најголем дел од нив поднесени од граѓаните...

Нема политички, ниту партиски притисоци врз уставните судии. Тие независно постапувале по иницијативите што најчесто ги поднесуваат граѓаните, тврди претседателката на Уставниот суд, Гошева. Немало политичка одлука ниту во случајот на отфрлањето на иницијативата на градоначалникот на Општина Центар, Жерновски, за што обвинувала опозицијата, вели првиот уставен судија.

„За одлуката по иницијативата на г-динот Жерновски, Уставниот суд носи одлука при гласање, така што одлуката не ја носи било кој сам судија, ниту претседателот на Уставниот суд“, рече Елена Гошева, претседател на Уставен суд на РМ

Дека немале притисоци при донесувањето на одлуките, тврди и уставниот судија Габер- Дамјановска која најчесто имаше издвоени мислења во однос на донесените одлуки. Нејзините ставови произлегувале, вели само од уставните принципи.

„Тоа го кажувам, писмено го образложувам и го ставам својот потпис. Во последно време зачестија таквите издвоени мислења, но конкретно врз себе не сум почувствувала притисок“, нагласи судијката Наташа Габер- Дамјановска.

Минатата година судот донесол уникувачки одлуки за 11 иницијативи, за 63 судот не нашол основ за поведување постапка. 31 иницијатива биле отфрлени, во два случаи постапката била запрена и една е завршена по административен пат.

Фиљана Кока