Потпишан нов колективен договор во МВР, највредните полицајци ќе бидат наградени!

20.04.2015 17:35

Во новиот колективен договор кoj e според европски стандарди сe дефинирани правата и обврските на вработените во МВР. Бонус плата ќе има за најдобрите, награда ќе добијат оние со одличен пет, само пет проценти од оценетите работници од конечната ранг листата...

Подобрување на условите за работа, зголемување на сигурноста и одговорноста на работното место. Во новиот колективен договор кoj e според европски стандарди сe дефинирани правата и обврските на вработените во МВР. Бонус плата ќе има за најдобрите, награда ќе добијат оние со одличен пет, само пет проценти од оценетите работници од конечната ранг листата. Ќе ја филтирираат обучени и сертифицирани оценувачи.

„За првпат создаваме јасна класификација на работните места по нивоа. Со овој модел создаваме услови за поефикасно имплементирање на системот на кариера“, рече министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.  

Електронски ќе се полага приправничкиот испит, направена е јасна дистинкција помеѓу распоредувањето и унапредувањето на вработените , постои јасна класификација на работните места, создадени се услови за попрофесионална и поправична систематизација – оценува полицискиот синдикат.

„Решен е и статусот на вработените со вишо образование, разработени, прецизирани и унапредени се одредбите за мирно решавање на колективни и индивидуални спорови и арбитража“, изјави Тихомир Најдовски, претседател на Полицискиот синдикат.

И во новиот колективен договор, за прекувремено празнично работење вработените ќе земаат од 50 до 150 проценти повисок надоместок, повеќе денови одмор за лицата со утврден инвалидитет, заштита од дискриминација и од вознемирување на работното место.

 

Сузана Фиданска- Стоевска