Црвенковски со поддршка за Заев
Со писмо се огласи поранешниот претседател на државата и долгогодишен лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски...

„На Зоран Заев му честитам на храброста и му ја давам мојата целосна поддршка за тоа што преку „Вистината за Македонија“ на најдиректен начин ги соочи сите со катастрофалната реалност во која живеем“, со писмо се огласи поранешниот претседател на државата и долгогодишен лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски.
„Отпорот“ или како ли веќе ќе се вика мора да се обнови и да се организираат масовни и континуирани протести. Тие протести треба да бидат мирни и ненасилни, но, со својата масовност и упорност да го делегитимираат и натераат на отстапки режимот на Груевски. Оваа историска македонска драма ќе мора да заврши на избори, но, во психолошки смисол победникот на тие избори треба да биде познат уште пред нивното распишување. И тоа никако не смее да биде Груевски“, стои во писмото на Црвенковски.
Во писмото понатаму соти: „За да може СДСМ да биде главниот стожер на обединување мора прво да се обедини себе си. Сите меѓусебни етикетирања и дискредитирања мора веднаш да запрат. Целта е една и единствена. Одговорноста за тоа е на секој поединец, но, најмногу на раководството кое мора да ја најде формулата за обединување. Од лично искуство знам дека тоа е тешка и макотрпна, но, во исто време и суштинска и неопходна работа.“
„Еве, ова е стратегијата во која верував пред две години и во која уште повеќе верувам денес и на чија реализација до колку до нејзе дојде целосно се ставам на располагање. Подготвен сум на ист начин како и на 24-ти декември 2012 година заедно со син ми да бидам во првите редови“, вели долгогодишниот лидер на СДСМ.
