Истрагата на караулата Гошинце заврши, во липковско- мирно и спокојно
На теренот, само присуството на безбедносните сили укажува дека завчера ноќта имаше инцидент на караулата над селото гошинце. Денеска екипата на МТВ забележа дека животот во овој регион се одвива нормално. За разлика од вчера на новинарските екипи им беше дозволен пристап до селото. Локалните жители не сакаа да зборуваат пред камера...

Истрагата на караулата Гошинце завршила. По инцидентот во објектот кога влегле маскирани и униформирани лица продолжува понатамошната обработка на материјалите. Полицијата зајакнато е присутна на караулата. Видливи се трагите кои ги оставиле непознатите. Скршени и уништени радио станици и мобилни телефони. Околината на караулата се обезбедува со полициски хермелини, а областа ја надлетуваат полициски хеликоптери.
Липковскиот регион денеска- спокојно и мирно. Секој со своите обврски. Речиси ништо не оддава дека пред два дена на караулата Гошинце се случи инцидент.
Овие луѓе дури се понудија да не однесат до Гошинце. Додека разговаравме ни кажаа дека за инцидентот на караулата ниту слушнале ниту знаат нешто.
„Вчера вечер овде немаше ништо. Беше мирно. До сега ни полиција не видов. Добро живееме тука. Чуваме крави. За инцидентот не ни знаев“, велат жителите.
Други жители на Гошинце ненавикнати на камера, не сакаа да зборуваат. Останува констатацијата дека во овој регион безбедноста е подигната на повисоко ниво.
Миле А. Ристески
