Помалите партии со реакции за случајот во Гошинце
Демократската обнова на Македонија го осуди настанот и го смета за опасен, независно кој стои зад него...

Демократски сојуз преку соопштение предупредува на можно сценарио и обид за дестабилизација на државата и нарушување на меѓуетничките односи. Бара овој настан да не се користи за политичка конфронтација и медиумска манипулација на граѓаните. Партијата инсистира службите за безбедност ефикасно да дејствуваат и да ја гарантираат безбедноста и територијалниот интегритет на државата.
И Демократската обнова на Македонија го осуди настанот и го смета за опасен, независно кој стои зад него. Она што секој граѓанин може да го направи за својата земја е да не учествува во потпалување меѓуграѓански тензии и да избегнува говор на омраза, стои меѓу другото во дописот.
И ЛДП излезе со коментар со случувањата во Гошинце. Сметаат дека се работи за режирано сценарио на власта.
