Мигранти: Ништо не ги одвраќа од сонот за ветената земја

25.04.2015 18:19

Во Македoнија се случи уште една несреќа на пругите во која е тешко повреден мигрант од Авганистан. Оние кои се спасиле од возот се згрижени во прифатниот центар за странци во Гази Баба. Полицијата е во акција за апсење на криумчарите, оние кои профитираат од несреќата на мигрантите...

Авганистанецот бил дел од поголема група од близу70-тина. Според очевидците кои не сакаа да зборуваат пред камерата, тие се движеле по колосекот предвиден за брзо возење. Возот кој сообраќал на линијата Скопје Табановце свирел неколкупати. Во канцеларијата на Македонски железници се сретнавме со  отправникот на возови. Ни потврди дека се случила несреќата.

Но ниту лошата судбина не ги одвраќа од обидите да спасат жива глава. Па го избираат другиот пат, илегалниот.

Криумчарите се немилосрдни во последниот обид синоќа откако биле откиени од полицијата, дека ги презеле кај селото Удово криумчарите, за да не бидат откриени, ги оставиле среде Демиркаписката клисура.

Само годинава се регистрирани 647 мигранти двојно повеќе од минатата година, кои главно влегуваат од соседна Грција.

Фиљана Кока