СДСМ објави нови прислушувани разговори
Нов сет преслушкувани разговори објави СДСМ од Гостивар. Според претседателот на општинската организација преку нив се дознава за партиски пазарења за избори, како и за злоупотреби на тамошни комбании...

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија денеска во Гостивар објави нова таканаречена бомба.
Претседателот на О.О. на СДСМ Гостивар Благојче Трпески, на прес конференцијата на која беа презентирани нови телефонски разговори, рече дека преку нив, меѓу другото, јавноста ќе слушне за злоупотребите на државните компании во Гостивар за партиски интереси.
Трпески, на прес конференцијата што се одржа во центарот за култура АСНОМ, ги повика сите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, како што рече, заедно да се избореле за подобра иднина.
Зоран Јованоски
