Продолжениот викенд ги распродаде туристичките аранжмани

25.04.2015 18:27

Продоллжениот викенд е причина плус за пораст на уплатите на аранжманите, велат туристичките работници. Оваа година, како ретко кога, најмногу се продаваат авионските тури...

Будимпешта, Прага, Рим, Истанбул, Атина. Ова се најатрактивните туристички дестинации што ги одбраа граѓаните за првомајските празници. Продоллжениот викенд е причина плус за пораст на уплатите на аранжманите, велат туристичките работници. Оваа година, како ретко кога, најмногу се продаваат авионските тури.

Гробот и замокот на Дракула како и безвремено атрактивните дворци на романските кралеви се секогаш актуелни за први мај.

Во Катланово, Матка, на врбот на Водно – во петок се очекува овие точки да бидат преполни со луѓе. 

Охрид, Берово, Дојран и Преспа се дестинации што ги избираат домашните туристи кои за празникот остануваат во државата. Не помалку атрактивни се винските тури, манастирските комплекси и планинските центри.

Анита Димитријевска