Патот на мигрантите
Скриени во малечките згради, чекаат со денови камионџиите да соберат доволно патници за опасното поминување на Сахара. Од човек чини неколку стотици евра. Преку пустината, до Алжир и понатаму до Либија – ова се станиците на патот на мигрантите...

Патот кон Европа почнува од малиот правлив град Гао на североистокот на Мали. Скриени во малечките згради, чекаат со денови камионџиите да соберат доволно патници за опасното поминување на Сахара. Од човек чини неколку стотици евра. Преку пустината, до Алжир и понатаму до Либија – ова се станиците на патот на мигрантите.
„Поминувањето на пустината е опасно, но некогаш мора да се ризикува за да се добие. Често луѓе тргнуваат и не се враќаат, но мора да се ризикува“, вели Салифе, мигрант од Мали.
А потоа е морето. Прислушнуван разговор меѓу криумчари и ги открил на полицијата тарифите на мигрантскиот бизнис – 1.500 евра од место, 80.000 од претоварен брод. Шефот не си го ризикува животот на море. Тој само ги собира парите.
„Не знаеме каде одат парите во првите два чекори, веројатно остануваат кај шефовите. Ги перат некаде и потоа ги инвестираат. Не само поради финансиите, истрагата е тешка поради самата природа“, изјави Франческо Ло Вои, главен обвинител на Палермо.
Има неколку рути на мигрантите – од Авганистан, патот води кон источните граници, Полска, Словачка и Унгарија. Сиријците, преку Турција продолжуваат низ Балканот. Од Египет и Либија патот води кон Грција или Италија, од Тунис за Малта, од Алжир и Мароко за Шпанија. Често остануваат во овие земји, но најпосакуваната дестинација ги води до ново море, преку Ла Манш, во Велика Британија. Но најголемата рута е воедно и најбезбедната - преку меѓународните аеродроми, влегуваат во Европа со виза и продолжуваат да живеат илегално по нејзиното истекување.
Ивана Салтировска
