Едукација за најмладите за екологија

25.04.2015 14:52

Проект за развој на еколошката свест и за најмладите стружани. Со активности поврзани со зачувување на природните ресурси и запознавање со растителниот и животинскиот свет како да ја заштитиме животната средина...

Еколошката свест кај младите мора да биде вклучена во секое училиште и програма каде уште од рана возраст децата треба да научат што претставува природата, нејзините богатства и заштита и чување на истата. Во Струга преку ликовна секција но и промоција на брошурата децата се запознаа со планината Јабланица.

Ќе се користи во наставната програма во еко компонентата кое што секое училиште мора да ја вклучи. Инаку, се потенцира колку е важно да се зачува нашата планина Јабланица. Рече локалниот координатор на програмата за мали грантови, вели Валентина Јованоска Филипова, локален координатор на програмата за мали грантови.

Одделенските наставници преку разни активности, вклучувајќи и излет на планината Јабланица во струшкиот регион ќе им ја доближат природата на најмладите кои веќе пројавуваат голем интерес за оваа тема.

Спроведувајќи го проектот кај децата забележуваме дека се пројавува интерес за заштита на планината Јабланица и за заштита на природните ресурси на планината Јабланица. Следејќи ги нивните искази веќе се буди она чувство за заштита на планината Јабланица, изјави Весна Калајџиескаодделенски наставник во О.У. Браќа Миладиновци- Струга.

Општина Струга и општина Вевчани гравитираат околу три планини и тоа Караорман, Јабланица и Галичица од едната страна и езерото од другата страна кои се богати со растителен и животиснки свет. Оваа едукација на рана возраст кај децата се очекува во иднина да донесе резултати околу свеста за зачувување на животната средина.

Со едукација резултатите можеме да ги очекуваме на подолг временски период но секако ќе бидат добредојдени нивните размислувања во иднинаизјави раководителот на Македонското Еколошко друштво Скопје, Ѓорѓи Иванов.

Ваквите активности ќе продолжат и во иднина. Посета на планините, ликовни колонии, песни и разни активности на тема заштита на природните ресурси ќе бидат честа слика кај најмладата популација во струшкиот регион.

 

Јованчо Наумоски