Уникатна уметност во беровскиот манастир Архангел Михаил

25.04.2015 15:16

Ако сакате одмор за душата и телото можеби вистинска дестинација е еден од многубројните духовни светилишта во земјава. Тишината во беровскиот манастир Архангел Михаил ја нарушува само кршењето на каменот од кој се прават раритетните мозаици. Манастирот е единствен во државава каде што може да се види каквата уметност...

Длабоко во тишината на манастирот „Свети Архангел Михаил“ во Берово ќе откриете дека и каменот има душа. Дека и каменот има боја, димензија, живот. Гласната тишина ја разбива звукот на каменот кој се крши, пинцетата која вешто го држи и лепејќи го му дава смисла.

Сестра Синклитикија со моледбена енергија вешто ги составува мозаиците кои се посебен раритет тука. Тоа е единствен манастир во Македонија во кој ќе најдете ваква уметност.

Иако за многумина составувањето на овие ситни парчиња со прецизност значи многу трпение, сестра Синклитикија вели дека со Божјата сила успева за кратко време да ги заврши своите дела. Големи или мали, од секој мозаик зрачи љубовта со која се создавани.

Во галеријата за мозаици верниците, но и посетители може да набават некои од делата кои пленат со топлина. Скромно распоредени низ просторот, мозаиците чудно опиваат со длабока топлина која го задржува погледнот на нив со безизмерна почит.

 

Катерина Давчева