Велес: Колку моторџиите ги почитуваат сообраќајните правила?

26.04.2015 13:23

Сообраќајните несреќи со мотори се се почести- делумно од брзото возење за да се биде важен и виден во градот, делумно заради возраста на младите- една од законските превенции е регулираната брзина на движење, но и носење заштитни средства. Колку сево ова се почитува во најмоторџискиот град Велес?

На неколку локации во Велес, полицијата контролираше колку возачите на мотори ја почитуваат законската обврска да носат кацига. Бројот на возачи кои го прекршија Законот беше голем. Полицијата овојпат не пишуваше казни.

Иако казните за неносење на кацига се високи навиките тешко се менуваат, велат возачите.

Според бројот на жители и регистрирани мотори, Велес е нај моторџиски град во Македонија.Тоа пак придонесува во голем процент од сообраќајните несреќи учесници да се токму управувачите на мопед и моторцикл.

Според статистиката, носењето заштитен шлем обезбедува 40 проценти поголема сигурност и спречува катастрофални последици при евентуална соображајна несреќа.

 

Дијана Иванова