Јолевски и Котески ги посетија кандидатите за професионални војници на АРМ

27.04.2015 14:56

Кандидатите набљудувани се од врвни инструктури на полкот за специјални операции. Од околу илјада пријавени од почетокот на јануари, на селективниот курс останаа само 191...

Кај Демир Капија и кај пелигонот за обука Пепелиште во тек е 24-дневниот селективен курс за прием на професионални војници во АРМ. Проверка на физичката издржливост, совладување на стравот, како и на фортификациски препреки, се дел од секојдневните активности на кандидатите.

„Откако станав министер целта ни е да ги дигнеме овие единици на уште повисоко ниво иако тие и сега се на високо ниво. Затоа преземавме неколку чекори за дополнително зајакнување на овие единици, а со тоа да ги зајакнеме и другите делови од АРМ. Во таа насока веќе работиме и конкретно“, нагласи министерот за одбрана Зоран Јолевски во изјава за медиумите.

Кандидатите набљудувани се од врвни инструктури на полкот за специјални операции. Од околу илјада пријавени од почетокот на јануари, на селективниот курс останаа само 191.

Во пресотанатите десет дена треба да се изберат најдобрите 125 што ќе добијат вработување во АРМ, најголем дел од нив во специјалните единици.