Порошенко бара европски мировни трупи
Во Киев се одржува самит на Европската унија и Украина, а украинскиот претседател Петро Порошенко најавил дека од членките на ЕУ ќе бара распоред на мировни трупи на истокот од земјата...

Тоа ќе биде моќен сигнал за поддршка на Украина за нејзината евроинтеграција, порачал Порошенко во очи на состанокот со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и со претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск, пренесува Танјуг.
Меѓутоа во Брисел засега нема многу надеж за исполнување на тоа барање. Еден висок европски функционер за АПФ изјавил дека барањето е примено, но дека ЕУ на денешниот самит ќе инсистира пред се Киев да ги спроведе неопходните уставни реформи.
Денешниот самит е прв откако во минатата година Украина ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација.
Соња Стојановска
