Вонредна состојба во Балтимор

28.04.2015 08:59

Специјални тимови за интервенција на полицијата беа на теренот, а распоредени се полициски групи и од соседните региони и Националната Гарда на Мериленд...

Петнаесет полицајци се повредени, запалени полициски возила, ограбени продавници е билансот од немирите во Балтимор. Гувернерот на Мериленд Лари Хоган прогласи вонредна состојба. Градоначалничката Стефани Рејлингс Блејк воведе  полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро во наредните денови.

Специјални тимови за интервенција на полицијата беа на теренот, а распоредени се полициски групи и од соседните региони и Националната Гарда на Мериленд.  Голем број на жители се спротиставија на бандите коишто ограбуваа и уништуваат приватни имоти. 

Ситуацијата во Балтимор ескалираше вчера по погребот на 25-годишниот Фреди Греј, којшто го загуби животот поради кршен рбет по апсењето пред една недела. Шестмина полицајци коишто биле во возилото што го транспортирало Греј во притвор се суспендирани и поведена е истрага.

Неколку дена по настанот се одржуваа протести во Балтимор, но вчерашните демонтрации станаа насилни и покрај апелот на семејството Греј да не се користи случајот за криминални дела.