Најмладите дел од кампањата за безбеден сообраќај

28.04.2015 14:51

Децата организираа приредба на која ги презентираа своите ликовни и поетски творби на тема сообраќај, а исполнија и неколку хорски песнички за присутните...

Како дел од кампањата за поголема безбедност на ранливите групи во сообраќајот на патиштата, денеска беше организирана едукативна работилница за децата од детската градинка „Бубамара“ во скопската населба Ново Лисиче.

Децата организираа приредба на која ги презентираа своите ликовни и поетски творби на тема сообраќај, а исполнија и неколку хорски песнички за присутните. Потоа, униформиран полицаец ги подучи како правилно да преминуваат улица.

На настанот присуствуваа претставници од Републичкиот Совет за Безбедност на Сообраќајот на Патиштата, Министерството за Внатрешни Работи и Министерството за Образование, а за значењето на соодветната сообраќајна едукација во образовниот процес зборуваа директорката на градинката, Весна Босиљанова, и секретарот на РСБСП, Ристо Манчев.