Усвоена повисоката парична социјална заштита
Од 2.600, социјалната помош есе зголемува за 47 насто, и изнесува 4.200 денари, додека постојаната парична помош изнесува 5.400 денари, за речиси 50 насто повисока од пред девет години...

Законодавниот дом даде зелено светло за зголемувањето на паричната социјална помош од 5 на 10 насто, со што измените на Законот за социјална заштита стапуваат во сила од јули годинава.
Во земјава има околу 35 илјади корисници на оваа помош и околу 5 илјади и осумстотини на постојана парична поддршка. Од 2006-та социјалната и постојаната парична помош степенасто се зголемувани неколкупати.
Од 2.600, социјалната помош есе зголемува за 47 насто, и изнесува 4.200 денари, додека постојаната парична помош изнесува 5.400 денари, за речиси 50 насто повисока од пред девет години.
Последното зголемување на оваа помош беше најавено од премиерот Никола Груевски на тековните народни собири на ВМРО- ДПМНЕ низ земјава.
