Нема договор меѓу средношколците и МОН
Надлежните предложиле уште една година да се полага матура по стариот модел и да се формираат работни групи кои ќе работат на новиот концепт за следната генерација матуранти...

Средношколците повторно имаа средба во министерството за образование. Нема договор. Надлежните предложиле уште една година да се полага матура по стариот модел и да се формираат работни групи кои ќе работат на новиот концепт за следната генерација матуранти.
„Ние веќе имаме оформено работна група која го има разгледано концептот за државна матура и го има разгледано правилникот за екстерно тестирање и ние доаѓаме овде со конкретни предлози, а не доаѓаме со замисла да правиме некакви работни групи кои ќе траат со години. Ние доаѓаме со конкретни предлози, конкретни решенија на проблемот“, изјави Дејан Трајковски - претставник на средношколците.
Надлежните неколкупати ги повикаа родителите да ги вратат децата на настава, бидејќи нивното место е во училишните клупи.
