Иванов: Добрите политички односи да се преточат во многу поуспешни економски односи
Претседателот Ѓорге Иванов во Баку ги повика неговиот домаќин Алиев и тамошните бизнисмени да ја посетат земјава, да се уверат во деловниот амбиент, да ги слушнат искуствата на странските инвеститори...

„На Mакедонско-азербејџански бизнис форум да го продолжиме она што денеска го започнуваме“ – претседателот Ѓорге Иванов во Баку ги повика неговиот домаќин Алиев и тамошните бизнисмени да ја посетат земјава, да се уверат во деловниот амбиент, да ги слушнат искуствата на странските инвеститори.
„Заклучокот беше дека добрите политички односи мора да ги преточиме во многу поуспешни економски односи. Ние веќе две години во Азербејџан имаме наш економски промотор и тоа беше можност да се органиизра бизнис форумот на Азербејџанско-турската стопанска комора на кој нашите претставници на Агенцијата за странски инвестиции ги претставија можностите кои ги нуди македонското стопанство и можностите во Македонија за нивните компании да почнат бизниси и да соработуваат“, изјави претседателот Иванов.
