Охрид со полни капацитети за празничниот продолжен викенд
Охрид од попладнево започна да се полни со туристи. За првомајските празници најбројни ќе бидат гостите од соседството, но ќе има туристи и од западноевропските земји. Покрај Бенелукс, интересен пазар се и скандинавските земји...

Охрид ќе биде полн со гости во текот на продолжениот празничен викенд.За разлика од Велигден кога доминираа домашните посетители овој пат најбројни ќе бидат туристите од соседството,а ќе има гости и од Данска,Полска,Турција,Романија и Швајцарија.
„За првомајските празници сме исполнети, меѓутоа со класични, би рекол балкански групи, додека одреден дел на соби ги чуваме за нашите домашни гости“, вели туристичкиот менаџер Тоше Чочороски.
Полните хотелски капацитети се добра најава за успешна туристичка сезона, уште повеќе ако се знае дека во првата недела на мај доаѓаат гостите од земјите на Бенелукс, кои остваруваат најголем број ноќевања.
„Овие најави што ги имаме и реализациите што веќе се почнати говорат дека можеме да очекуваме успешна сезона. Како што добро знаеме тука се и холанѓаните,еве сега го отвораме скандинавскиот пазар, соседните држави не не избегнуваат“, вели Јаким Маленко, сопственик на туристичка агенција.
Од овој викенд помасовно се активираат и индивидуалните сместувачки капацитети.За поквалитетните и поголемите владее голем интерес,особено кај туристите од соседните држави.
Сашо Нелоски
