СДСМ од Кавадарци објави нов сет аудио материјали

30.04.2015 16:28

Претседателот на општинската организација потенцира дека од снимките се слуша како владејачката партија ги користела приватните фирми за партиски цели, и како се вршела приватизација во градот на грозјето...

Денеска во Кавадарци, Социјал-демократскиот сојуз одржа прес конференција на којашто Зоран Ѓорѓиев, претседател на општинската организација објави нов сет на аудио материјали.

Тој потенцира дека од снимките се слуша како владејачката партија ги користела приватните фирми за партиски цели, и како се вршела приватизација во градот на грозјето.

Ѓорѓиев тврди дека разговорите од презентираните материјали покажуваат како градоначалникот на општината, Александар Панов, во разговори со министри зборува за неадекватна советничка листа на владејачката партија за последните локални избори.

Проектот насловен како „Вистината за Македонија“ нема да запре се додека слободат и демократијата не завладеат во земјата, велат од опозициската партија.

 

Игор Панов