ПССЕ: Политички дијалог и почитување на правото за излез од кризата
Република Македонија негувајќи ги заедно политичкиот дијалог и почитувањето на владеењето на правото може да го изнајде патот за излез од политичката криза, велат од Делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која престојуваше во Македонија на 28 и 29 април...

Во декларацијата на ПССЕ се бара СДСМ веднаш да престане со објавување на нелегално стекнатите прислушувани материјали, да се врати во Собранието, бидејќи неговиот бојкот претставува „длабока грешка“ како и сериозно да се истражат обвинувањата искажани од опозицијата за да се врати довербата на граѓаните во институциите, како и извесна збунетсот од степенот на надзорот на телекомуникациите во послеедните неколку години, што според нив можеби е наследство од еднопратсикиот систем од поранешна Југославија, кој се чини дека и никогаш не престанал.
„По консултациите со главните инволвирани актери, и од опозицијата и мнозинството, веруваме дека сите можности за наоѓање начин за излез од кризата се уште не се исцрпени. Убедени сме дека политичкиот дијалог и почитување на владеењето на правото треба да одат рака под рака. Тоа е нашето разбирање дека следните чекори можат да помогнат во надминување на кризата и да се спречи понатамошна ескалација, која би можела да биде штетна за стабилноста на земјата“, посочуват од Делeгацијата на Мониторинг комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ).
Делегацијата бара владејачката коалиција и опозицијата да постигнат договор и да изработат план кој треба да ги содржи следниве елементи во однос на Парламентот: согласно со уставните и законските барања - се однесува на прашањето на 31 место испразнето од страна на опозицијата - да се спроведе релевантна законска постапка и да се преземат неопходни чекори, вклучувајќи го организирањето избори за овие места доколку е потребно, за да се осигура дека Парламентот може да функционира правилно и ја одразува волјата изразена од страна на сите гласачи.
Се бара да се зајакне улогата за надзор на Парламентот со основање парламентарна истражна комисија која ќе ги испита работите на тековната политичката криза и обвинувањата кои се појавија, да се почитуваат насоките од Венецијанската комисија во делот на работата на разузнавачките служби, како и континирано подобрување на изборните закони и сферата на медиумите.
Тони Гламчевски, дописник од Франција за МРТ
