Собрание: Економијата, земјоделството и социјалата во фокус на пратеничките прашања
На домашната политичка сцена, секој последен четврток од месецот во Собранието е резервиран за седницата за пратеничките прашања...

Во фокусот на пратеничките прашања економијата, земјоделството и социјалата. Сепак, неизбежна и политиката. Независната пратеничка Солза Грчева побара одговори од претседателот на ДИК Рилковски за спроведениот референдум за ГТЦ и за избирачкиот список.
Но, иако бил уредно поканет на седницата како што објасни спикерот Вељаноски, Рилковски не беше во салата. Грчева смета дека првиот човек на ДИК има двојни аршини. Од него побара оставка.
Колкав е капиталот на целокупниот деловен простор во сопственост на државата што е на продажба, праша Роза Топузова-Каревска. Според нејзините информации како што рече, станува збор за капитал од милијарда евра.
Станува збор за вкупно 1.359 простории,а проценката е направена од еминентна странска компанија, објасни ресорниот министер за транспорт и врски.
Интерес кај пратениците и за субвенциите за тутунот, за проектот „Купи куќа-купи стан“ и за регистарот на медицинската опрема.
Милчо Велески
