Двајца загинати во терористички напад во Далас

04.05.2015 11:35

„Слушнавме истрели од автоматско оружје. Полицијата се растрча насекаде и ни рекоа да останеме во зградата. Не видовме ништо, само ги слушнавме истрелите“, велат сведоци на настанот...

Двајца мажи се убиени во престрелка со полицијата откако извршиле вооружен напад пред зградата каде што се одржувал конкурс за карикатури на пророкот Мохамед и на кој присуствувал и холандскиот десничарски политичар Герт Вилдерс. Конкурсот бил организиран од асоцијацијата Иницијатива за слободна американска одбрана за борба на слободата на говор.

„Слушнавме истрели од автоматско оружје. Полицијата се растрча насекаде и ни рекоа да останеме во зградата. Не видовме ништо, само ги слушнавме истрелите“, велат сведоци на настанот.

Вилдерс е познат по своите антиисламски ставови и е на чело на евроскептичната Партија на слободата. По инцидентот тој изјавил дека е шокиран од она што се случилло и најостро го осуди нападот на слободата.