Двајца убиени во затвор во Атина

04.05.2015 12:30

Во затворот Корудалос кого го бие лош глас поради пренатрупаност, има најразличен вид осуденици, од обични престапници, анархисти, политичари, терористи, како и челниците на неонацистичката партија Златна зора...

Две лица се убиени, а повеќе од 20 се ранети во судир меѓу затвореници во добро чуваниот затвор Коридалос близу Атина кој почнал со кавга меѓу Пакистанци и Албанци. Осуммина од повредените се во тешка состојба.

Во затворот Корудалос кого го бие лош глас поради пренатрупаност, има најразличен вид осуденици, од обични престапници, анархисти, политичари, терористи, како и челниците на неонацистичката партија Златна зора, чиешто судење треба да продолжи в четврток.