Ограбена бензиската пумпа на Макпетрол во Ченто

04.05.2015 13:06

Кражбата е извршена ноќеска во 2:40 минути по полноќ кога тие со закана со пиштол од вработените одзеле околу 75 илјади денари по што избегале...

Бензиската пумпа на „Макпетрол“ на улицата „Антон Попов“ во скопската населба Ченто е ограбена ноќеска од страна на две маскирани лица.
 
Кражбата е извршена ноќеска во 2:40 минути по полноќ кога тие со закана со пиштол од вработените одзеле околу 75 илјади денари по што избегале. 
 
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на кражбата и пронаоѓање на сторителите.