Помало производство на тутун за 10% годинава

05.05.2015 10:57

Расадувањето на тутунот доцни за 20 до 25 дена. Причината е преголемата влажност и ниските утрински температури. Тутунарите проценуваат дека годинава ќе има 10 проценти помало производство од лани...

Производството на тутун се намалува. Годинава се проценува дека ќе има за 10 проценти помалку од лани.
 
Поради пониските ноќни температури расадувањето ќе доцни од 20 до 25 дена.
 
Склучувањето на новите договори траеше до 10 април, а до 31 мај монополите треба да ги пријават и очекуваните количества.
 
Годинава беа откупени скоро 25.000 тони. Од продажбата тутунарите заработија 73 милиони, а од субвенциите ќе добијат уште 25 милиони евра.
 
 
 
Методија Трајков