Кривична пријава за две лица од Скопје поради фалсификување пари

05.05.2015 12:42

Пријавените во текот на минатиот месец на неутврден начин прибавиле 29 фалсификувани банкноти во апоени од по 100 американски долари со намера истите да ги пуштат како вистински...

СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.Д.(22) и А.Н.(24) двајцата од Скопје поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување пари“. Пријавените во текот на минатиот месец на неутврден начин прибавиле 29 фалсификувани банкноти во апоени од по 100 американски долари со намера истите да ги пуштат како вистински.

На 30.04.2015 година во Свети Николе при намерата така прибавените фалсификувани банкноти да ги протурат биле откриени од страна на полициски службеници кои извршиле преглед на возилото Опел Корса и при извршениот преглед на лицата и возилото ги пронашле наведените банкноти.

Од страна на полициските службеници со потврда за привремено одземени предмети се одземени горенаведените 29 банкноти, предадени се на вештачење при што е потврдено дека сите банкноти се фалсификувани.

Пријавените лица се приведени во полициска станица и со кривичната пријава се предадени  на судија на претходна постапка и на истите им е одредена мерка куќен притвор во времетраење од 30 дена.