Осум полицајци загинаа во судирите во Куманово

10.05.2015 14:07

По акцијата што се спроведува од вчера изутрината во Куманово од претпладнето е мирно...

Уште двајца полицајци ги загубија животите по судирот со терористичката група во Куманово, потврди портпаролот на МВР Иво Котевски попладнево на прес-конференција. Од вкупно загинатите осум полицајци, досега е познат идентитетот на шестмина. 
 
По акцијата што се спроведува од вчера изутрината во Куманово од претпладнето е мирно. Во акцијата се повредени 37 полицајци кои се хоспитализирани на скопските клиники.
 
Претседателот Иванов за попладнево свика седница на Советот за безбедност во проширен состав