Србија ги осудува обидите за дестабилизација на Македонија и регионот

10.05.2015 13:22

Од вчера испратени се дополнителни полициски сили на македонското- српската граница, како и уште 450 припадници на жандармеријата кои се распоредени во Копнената зона на безбедноста меѓу Србија и Косово...

Србија ги осудува сите обиди за дестабилизација на Македонија и регионот и ќе направи се за одржување на политичката и економската стабилност – се наведува во телеграмата со сочуство, која утринава до премиерот Груевски ја упати претседателот на српската Влада, Александар Вучиќ. Силно ме потресе веста за страдањата на македонските граѓани и припадниците на македонската полиција во борбите со вооружените групи во Куманово, потенцираче Вучиќ во телеграмата.

Тој синоќа во изјавата за медиумите ги повика сите одговорни да го сочуваат мирот и безбедноста во регионот и порача дека Србија ќе даде брз, ефикасен и одлучен одговор доколку било кој се обиде да ја загрози нејзината безбедност.

Владата на Србија со големо внимание ја следи ситуацијата на северот од Македонија.Тоа се лоши вести за Србија.Секоја дестабилизација во регионот е лош сигнал. Ние на тоа повеќе пати посочувавме. Србија ќе умее да ја заштити својата територија и да го одбрани мирот и стабилноста. Ние пративме  дополнителни сили за  да помогнат во зацврстувањето на мирот“, изјави Александар Вучиќ, премиер на Р. Србија.

Околу 400 албанци побегнале во саботата на територија на Србија. Од вчера испратени се дополнителни полициски сили на македонското- српската граница, како и уште 450 припадници на жандармеријата кои се распоредени во Копнената зона на безбедноста меѓу Србија и Косово.

Српскиот шеф на дипломатијата и претседавач со ОБСЕ- Ивица Дачиќ, најостро го осуди насилството во Македонија и во телефонскиот разговор со министерот Никола Попоски оцени дека ситуацијата во Македонија е од витална важност за стабилноста на целиот регион. Дачиќ најави дека идната недела Скопје ќе го посетат неговиот специјален преставник за западен Балкан Жерар Стоудмен и амбасадорот Дејан Шаховиќ.

Српското министерство за надворешни работи им препорача на своите државјани да не патуваат во Македонија и да ги користат алтернативните патишта за Грција.

Попладнево српската влада по повод настаните во Македонија закажа вонредна седница на Бирото за координирање на безбедносните сили.

 

Олвер Бранковиќ, дописник од Белград за МРТ