Попоски ги информираше министрите на НАТО за безбедносната состојба во Македонија

13.05.2015 16:41

Тој информирал за полициската акција со што се спречи сериозен и координиран терористички акт против државните институции и цивилните цели на Република Македонија, при што беше предизвикана ненадоместлива загуба на животите на осум полицајци...

На состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Анталија, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски ги запозна министрите на НАТО членките и партнерите со најновите безбедносни предизвици со кои беше соочена земјата во изминатиот викенд.

Тој информирал за полициската акција со што се спречи сериозен и координиран терористички акт против државните институции и цивилните цели на Република Македонија, при што беше предизвикана ненадоместлива загуба на животите на осум полицајци.

Попоски притоа се заблагодарил за изразените пораки на сочувство до семејствата на загинатите и повредените.

Македонскиот министер ја повторил натамошната подготвеност на нашата земја за учество во мисиите во Авганистан и регионот. За време на состанокот на кој се разговарало за наредните активности на коалицијата против исламска држава, Попоски ги запознал министрите за надворешни на НАТО за повеќегодишната блокирана ниеграција на земјава во Алијансата.