Филипини: Над 30 загинати во пожар во фабрика
13.05.2015 15:12
Во објектот имало околу 200 работници...

Над 30 лица загинаа, а 65 се водат за исчезнати по пожарот во фабрика за гумени обувки во близина на филипинскиот главен град Манила. Во објектот имало околу 200 работници.
Според локалните власти пожарот бил предизвикан од искра при заварување на вратата на главниот влез на фабриката, по што дошло до експлозија на хемиските супстанци што се користат во производство.
